недела, 14 декември 2025

Српски полицајци претепаа демонстранти во Ваљево, Вучиќ: „Неверојатно се толерантни и трпеливи“ (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги отфрли критиките за постапките на полицијата за време на протестите и кажа дека насекаде имаат неверојатно толерантна и трпелива полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој за РТС, на прашањето за употребата на прекумерна сила од страна на полицијата во Ваљево, одговори дека полицијата била цел на сите можни предмети во текот на целата вечер.

„Во Ваљево, факт е дека овие луѓе издржаа. Погледнете ја оваа банда што фрлаше со сите можни предмети кон нив цела вечер“, кажа српскиот претседател.

„Тие стојат на 20 метри оддалеченост, полицијата стои, не се движи, не се движи, не загрозува никого, не допира никого, и гаѓаат и ги тепаат цела вечер“, рече Вучиќ.

Граѓаните на Ваљево, одговорија на повикот на студентите да се соберат и синоќа на протестот наречен „Вечерва пукате по шевовите“. Полицијата во Ваљево беше брутална кон демонстрантите и како што се гледа на видеата, брутално ги тепаше граѓаните.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат униформирани полицајци како користат сила врз граѓаните. Дел од граѓаните се обиделе да избегнат полициска интервенција криејќи се, но полицијата буквално ги бркала и ги претепувала.

Полицијата апсела и претепала секого пред себе, дури и граѓани кои не биле учесници во протестот. Како што е наведено во објавите на социјалните мрежи, членови на министерството за внатрешни работи извлекувале луѓе од околните барови, ги претепале и ги притвориле.

Српското движење „Тргни-промени“ на социјалната мрежа Икс објави видео со имиња на полицајци од Прибој и други градови, кои, според тврдењата на граѓаните и достапните докази, учествувале во бруталното претепување на луѓе во Ваљево вчера вечерта, вклучувајќи и деца.

Движењето вели дека сите вклучени ќе бидат повикани на одговорност. „Ќе ве фатиме сите и ќе одговарате за крвта на секое дете и за солзата на секоја мајка.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ