„Како што можете да видите, Хрватите сè уште ја почитуваат таа идеологија до ден-денес, тие ги воспитуваат генерациите кои доаѓаат на тој усташки начин, мразејќи ги Србите, славејќи и величајќи ги сите злосторства против Србите“, кажа Глишиќ на гостување на српската телевизија Пинк.
Тој се осврна и на тврдењата дека на влезот во селото Глушци во близина на Метковиќ биле напишани графити со пораката „Срби на врби“ и усташки симболи. Глишиќ тврди дека ова е последица на негативната атмосфера кон Србите, која, како што изјави, се поттикнува секојдневно, а која е присутна и во спортот, музиката, културата и во сите пори на хрватското општество.
„И насекаде има една константа – Србите се мразат, убивањето и геноцидот врз Србите се слави и очигледно е дека речиси и да нема отпор. Ако го има, тој е премногу слаб, а силите кои доминираат во Хрватска лесно можат да го скршат. Нема сомнение дека во наредните денови ќе им биде тешко на Србите во Хрватска“, нагласи тој.






