Медиумот пишува дека литванските власти навеле дека прелетувањето на авионот во кој би бил Вучиќ е забранет поради „техничка и ди0пломатска чувствителност“.
Не е објаснето како тоа може да го спречи летот од Белград до Москва, иако авионот мора да ја заобиколи Украина поради забраната за летови со цивилни авиони, бидејќи не мора да лета преку Литванија.
Новости јавува дека и Летонија забранила прелетување на српскиот авион до Москва, поради „политичката чувствителност на целта на летот“.
Кремљ претходно денес најави дека претседателот на Русија Владимир Путин на 9 мај ќе одржи состанок со Вучиќ.
Претседателот на Србија претходно најави дека на 9 мај во Москва ќе присуствува на парадата на Денот на победата во Втората светска војна. Тој пред три дена ја прекина посетата на Соединетите Американски Држави поради влошена здравствена состојба.