недела, 14 декември 2025

Српски државјанин на снимката на заложниците што ја објави Хамас (ВИДЕО)

Едно од двете момчиња на видеото објавено од вооруженото крило на Хамас е српскиот државјанин Алон Охел (22), кој е во заробеништво речиси две години, пишува Н1 Србија.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

На видеото прво се гледа како израелскиот заложник Гај Гилбоа Далал вози низ Газа и вели дека е киднапиран 22 месеци, додека на снимката се гледаат уништените згради. На крајот, Алон Охел му се придружува, а двајцата се прегрнуваат и, видливо изненадени, повторуваат како не можат да поверуваат дека повторно се гледаат.

Видеото трае повеќе од три и пол минути, а меѓу другото, Гилбоа Далал го повикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на хебрејски да не ја спроведува планираната воена офанзива врз Газа. Тој наведува дека е во Газа и дека снимката е направена на 28 август 2025 година.

Според израелските медиуми, семејството на Алон Охел потврдило дека тој бил на снимката, но не дало дозвола медиумите да го објават видеото.

Агенцијата Ројтерс го објави првиот дел од видеото, во кое може да се види само Гај Гилбоа Далал.

Алон Охел (22) е израелски пијанист кој е држен во заробеништво од Хамас речиси две години, откако беше киднапиран за време на нападот на фестивалот Нова на 7 октомври 2023 година. Охел има израелско, српско и германско државјанство – српско благодарение на неговото семејно потекло, бидејќи неговите предци потекнуваат од Нови Сад, и германско благодарение на неговата баба Ципи Охел, родена во Берлин, која емигрирала во Израел по Втората светска војна.

Според извештаите на израелските и странските медиуми, Охел претрпел сериозни повреди во заробеништво – наводно е делумно слеп од шрапнели – а неговите родители со месеци апелираат до меѓународната заедница, вклучително и до Србија, да го ослободат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ