Прекинувањето на работата на преработувачките погони се одвива според принципот кој се применува кога станува збор за планирани ремонти и се спроведува во согласност со законите на Република Србија, внатрешните правила на компанијата и најстрогите еколошки стандарди и правила за безбедност и здравје при работа, соопшти Нафтената индустрија на Србија.
Активностите во рафинеријата за нафта во Панчево за време на процесот на гасење на објектот се организирани на таков начин што рафинериските погони се подготвени да започнат со работа штом ќе се исполнат условите, односно штом ќе се добијат информации за достапноста на сирова нафта.
За време на затворањето на рафинеријата, вработените ќе бидат ангажирани во работата што ја извршуваат за време на планираните исклучувања.
Во исто време, НИС продолжува без пречки да го снабдува српскиот пазар со нафтени деривати, благодарение на претходно обезбедените залихи, се наведува во соопштението за медиумите.
„Компанијата НИС изразува надеж дека редовната работа на Рафинеријата за нафта Панчево ќе биде обновена што е можно поскоро. Компанијата останува посветена на напорите за зачувување на социјалната стабилност на повеќе од 13.500 вработени, како и што е можно поскоро да биде отстранета од листата на Министерството за финансии на САД или да добие нова посебна лиценца која ќе ѝ овозможи непречено работење, во што има силна поддршка од државните власти на Република Србија“, се додава во соопштението.






