На состанокот присуствувале и турските министри за надворешни работи Хакан Фидан и за национална одбрана Јашар Гулер, директорот на Националната разузнавачка агенција Ибрахим Калин, како и сирискиот министер за надворешни работи Есад Хасан Шејбани, пренесува Анадолу.
Сириското министерство за надворешни работи ја поздрави претходната одлука на Соединетите Американски Држави да одобри укинување на Санкциите против Сирија како „позитивен чекор во вистинска насока за ублажување на хуманитарната и економска криза“, пренесува Ројтерс. Со општа дозвола од министерството за финансии на САД се одобрени трансакции со привремената сириска влада, со Централната банка на Сирија и државните претпријатија.
Ердоган претходно порача дека Турција ќе ги продолжи дипломатските напори да се укинат меѓународните санкции против Сирија, а министерот за енергетика на Сирија Мохамед ал Башир претходно изјави дека Турција во јуни ќе почне да ја снабдува Сирија со гас и дека наскоро ќе биде завршен гасоводот кој ќе ги поврзува двете земји.