вторник, 6 мај 2025

Србите масовно заминуваат на работа во Хрватска: „Можат да заработат и над 4.000 евра“

Српски Блиц објави напис за претстојната туристичка сезона во кој пишува дека угостителите и хотелиерите во Црна Гора се соочуваат со сериозни предизвици во потрагата по сезонски работници. Платите кои достигнуваат и до 3.000 евра не се доволни да ја задржат работната сила бидејќи многу работници од Србија ги бираат западните земји или Хрватска поради подобрите услови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Срѓан Јанковиќ од Агенцијата за вработување на странски работници во Црна Гора изнел оптимистична прогноза за следната туристичка сезона, предвидувајќи дека ќе бидат потребни десетици илјади работници.

„Во Црна Гора со големи очекувања и ентузијазам ја дочекуваме туристичката сезона 2025 година. Официјалните проценки зборуваат за потреба од 20.000 работници, иако лично сметам дека оваа година ќе бидат потребни повеќе од 35.000 работници. Визната постапка е завршена, а обемот за работа е зголемен за 68 отсто во однос на минатата година. Само во Будва ќе бидат потребни повеќе од 8.000 работници“, вели Јанковиќ.

Меѓутоа, Јанковиќ истакнува и нов тренд: сè повеќе хотелиери зависат од работна сила од Азија. „Платите кои работниците можат да ги очекуваат се движат од 700 до 1.200 евра, што е значително повеќе од нивните матични земји. Тоа Црна Гора ја прави атрактивна дестинација за сезонските работници од Азија“, вели тој.

Истовремено, Хрватска бележи зголемена побарувачка за сезонски работници, со значително поголеми плати.

„Во Хрватска платите се нешто поголеми – келнерите заработуваат меѓу 1.000 и 1.500 евра, шанкерите од 1.100 до 1.600 евра, рецепционерите меѓу 1.000 и 1.400 евра, додека готвачите можат да заработат и до 3.000 евра, во просек меѓу 1.800 и 2.500 евра. Сè повеќе угостителски работници од Србија се одлучуваат за Хрватска, а не за Црна Гора“, пишува Блиц.

Се додава дека минатата година Хрватска издала дури 206.000 работни дозволи за странски работници, од кои 28.000 за работници од Србија. „Платите во Хрватска се неспоредливо поголеми, а келнерите со бакшиш можат да заработат и до 4.000 евра месечно. Одливот на работна сила од Србија станува алармантен“, се истакнува во текстот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ