сабота, 13 декември 2025

Србин во авион совладал патник кој се заканувал дека ќе употреби бомба (ВИДЕО)

Патник на летот на Изиџет од аеродромот Лутон во Лондон до Глазгов, Шкотска извикуваше заканувачки слогани еден час по полетувањето, вклучително и закани дека ќе го „разнесе авионот“, „Смрт за Америка“ и „Смрт за Трамп“. Инцидентот се случил утрото на 27 јули, а видеото од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи предизвикувајќи загриженост и осуда, пренесува Њујорк пост.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Се појави видео кое открива дека тој бил совладан од патник од Србија. Тој го спуштил на подот и го држел додека не пристигнал персоналот, велејќи му да „седне“.

На снимката може да се слушне како еден од патниците сочно пцуе на српски јазик, станувајќи и соборувајќи го човекот кој се заканува со бомба.

Патникот гласно извикувал: „Ќе го кренам авионот во воздух! Смрт за Америка! Смрт за Трамп!“, потоа неколкупати повторил „Алах Акбар“. Патниците биле во паника, но еден од нив храбро скокнал од своето седиште, го зграпчил човекот одзади и го соборил на подот. Други патници му притрчале на помош и го држеле до принудното слетување во Глазгов.

Еден од патниците кои го совладале му рекол на човекот да не се движи. Според извештаите, мажот почнал да се заканува откако се вратил од тоалетот. Властите потврдија дека дејствувал сам, а при пребарувањето на авионот не е пронајден експлозивен материјал. Полицијата го уапси човекот на аеродромот во Глазгов веднаш по слетувањето.

Изиџет соопшти дека безбедноста и благосостојбата на патниците и членовите на екипажот им е главен приоритет и дека полицијата го отстранила патникот поради неговото однесување за време на летот. На социјалните мрежи корисниците го пофалија патникот од Србија кој спречил потенцијална опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ