вторник, 23 декември 2025

Србија постигна договор со Русија за снабдување со гас до крајот на март

Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека е постигнат договор за продолжување на договорот за снабдување со гас за следните три месеци, со што се обезбеди енергетската стабилност на земјата во текот на зимата. „Имаме договор за продолжување на договорот за гас за следните три месеци, до 31 март. Луѓето нека спијат мирно, Србија ќе има електрична енергија и доволно гас за претстојната зимска сезона“, рече Вучиќ, а пренесува Блиц.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ неодамна истакна дека енергетиката е најважната област на националната економија и објави планови за изградба на клучна инфраструктура. „Треба да градиме многу. Треба да изградиме интерконектор кон Македонија. Што се однесува до гасот, треба да изградиме она што го нареков производствен цевковод. Значи, покрај гасниот интерконектор кон Романија, треба да изградиме и нафтовод кон Романија“, изјави претходно српскиот претседател.

За време на денешното доделување договори на најдобрите дипломирани студенти на медицинските факултети и училишта, Вучиќ ја презентираше и информацијата дека Газпром води преговори со унгарскиот МОЛ во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ