Администрацијата во Вашингтон ја продолжи лиценцата за работа на НИС до 23 јануари, до кога би можеле да бидат завршени преговорите на Газпром со унгарски МОЛ за купување на рускиот мнозински удел, што беше клучната причина за воведување на санкциите канцеларијата за странски имот ОФАК на американското Министерство за финансии.
Јанаф во средата вечерта објави дека е подготвен веднаш да започне со снабдување со нафта на рафинеријата во Панчево на Србија, бидејќи лиценцата на Јанаф овозможува продолжување на транспортот на неруска нафта до Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Јанаф објави дека се целосно подготвени „веднаш да обезбедат непречен транспорт и снабдување со сурова нафта до рафинеријата во Панчево“.
Вучиќ вчера не можеше директно да потврди дали унгарски МОЛ ќе биде купувач на мнозинскиот руски удел (56,1 отсто) во НИС.
„Не можам да го кажам тоа додека не се заврши целата конструкција. Нема сомнение дека МОЛ соработувал со НИС и државата Србија за да добие лиценца за работа, доколку ваквите прашања се донесат пред ОФАК, верувам дека ќе дадат одобрение“, изјави Вучиќ за Српската радиотелевизија (РТС).
Тој смета дека на 23 јануари Американците очекуваат сите главни точки од идниот договор меѓу продавачот и купувачот на НИС, во овој случај, како што кажа, „најверојатно компанијата МОЛ“.
„Секако, не се решени сите проблеми, но важно е Нафтената индустрија на Србија да има право да плаќа, испорачува и повторно да произведува нафтени деривати од сирова нафта, кои ќе бидат испорачани во нашата земја преку нафтоводот Јанаф“, изјави Вучиќ за РТС.
САД воведоа санкции врз НИС, како дел од рускиот енергетски сектор, во октомври, поради што и Јанаф престана да испорачува нафта.
Вашингтон бара целосно излегување на руските акционери од компанијата, но преговорите за потенцијална продажба се одолговлекуваа, па рафинеријата НИС престана со работа на 25 ноември, а се очекува дека, со потребните технолошки процедури по прекинот на производството, ќе може повторно да започне со работа по 3 јануари.






