среда, 17 декември 2025

Србија нема да има претставник на самитот ЕУ-Западен Балкан, Вучиќ кажа дека не оди во Брисел

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник, пренесува Н1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.

Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и Владата да не трпи никаков притисок.

Тој кажа дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.

„Искрено сум благодарен за почитта која Урсула фон дер Лаен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот (на Франција Емануел) Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, кажа Вучиќ.

Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а подоцна, како што кажа, ќе видиме, пренесува РТС.

Самитот ЕУ – Западен Балкан се одржува денес во Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ