Како што соопшти ЕУ, со одлуката 2025/632 од 27 март 25 лица и седум правни лица се вклучуваат на списокот на правни лица, ентитети и тела на кои се применуваат рестриктивни мерки поради ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Минска во руската агресија на Украина.
Со новата одлука на Советот на ЕУ се усогласија сите останати држави кандидати за членство во ЕУ од регионот со исклучок на Србија – Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина – кои ќе обезбедат новините национални политики да бидат во согласност со одлуката, а Брисел „ја прима на знаење таа обврска и ја поздравува“, се наведува во соопштението.