Кинеската ракета воздух-земја ЦМ-400 за прв пат е видена на српски авион МиГ-29 во вторникот на онлајн воениот форум Мајсити милитари, објави српската јавна телевизија РТС. Српската армија ниту ја потврдила ниту ја негирала набавката на овие ракети.
Американскиот специјализиран портал Милитари воч објави во вторникот дека српската армија со тоа станала првата во Европа која набавила хиперсонични балистички ракети и втората некинеска армија во светот со ракети ЦМ-400. Првиот странски корисник на оваа ракета е пакистанското воздухопловство, јавува словенечката агенција СТА.
[TANGO SIX POST] RV i PVO Vojske Srbije danas prikazalo da poseduje nove kineske rakete vazduh-zemlja.
Reč je o (kvazi) balističkoj raketi vazduh-zemlja pet puta bržoj od zvuka, koja po nekim podacima može imati domet i do 400 kilometara. https://t.co/yvpHLpBumh
— Petar Vojinović (@petarV) March 9, 2026
Брзината на ракетата ЦМ-400 може да надмине 6 маха. Милитари воч посочи дека ниту еден друг борбен авион во Европа нема интегрирани ракети воздух-земја способни за хиперсонични брзини.
Ракетата ЦМ-400 тежи 910 килограми, што им овозможува дури и на многу лесните ловци да носат две ракети, пишува СТА. Постојат различни проценки за нејзиниот дострел. На воените форуми има тврдења дека дострелот би можел да биде до 400 километри, но со забелешка дека Кина најверојатно го ограничила на околу 240 или 250 километри за извоз.
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ коментираше за наводните српски ракети пред два дена. Според него, од она што го прочитал, станува збор за сериозно оружје. „Но, се надевам дека овие хиперсонични ракети ќе останат во нивните магацини, каде што им е местото“, додаде тој.
Вчера хрватскиот премиер и Андреј Пленковиќ изјави дека не очекува дека Србија, во која било варијанта, би можела да биде во позиција да користи хиперсонични ракети против соседните земји, Хрватска или која било друга.
„Ќе разговараме со нашите партнери во НАТО алијансата и ќе ги предупредиме за таквото оружје“, кажа Пленковиќ.
Според податоците од Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ), кој редовно објавува статистика за воените трошоци на земјите ширум светот, во последните пет години, Србија убедливо најмногу инвестирала во војската меѓу земјите од Западен Балкан. Само во 2024 година потрошила околу 2,2 милијарди долари, што е речиси пет пати повеќе од Албанија.






