недела, 14 декември 2025

Србија: Инциденти на вчерашните протести во Нови Сад и Белград, судири на граѓаните со полицијата (ВИДЕО)

Граѓани и студенти во Србија синоќа, за време на протестната прошетка во Нови Сад, се упатија кон една од просториите на владејачката Српска напредна партија, каде што ги пречекаа поддржувачи на таа партија, кои, во исто време, се собраа да ја бранат таа зграда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога граѓаните и студентите дојдоа во просториите на СНС, беа испукани пиротехнички средства, а во низата инциденти што следеа, беа скршени прозорци на просториите на владејачката партија, јавува РТС.

По инцидентите, граѓаните и студентите се вратија во кампусот. Интервенираа и службите за итни случаи, а екипата на РТС, како што објави јавниот сервис, ги видела како им помагаат на еден повреден полицаец и еден граѓанин. Малку подоцна, учесниците на протестот го пробија полицискиот кордон и повторно стигнаа до просториите на СНС. Во тој момент, петарди и огномет беа испукани кон толпата од правец на просториите.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кажа дека поддржувачите на СНС се собрале „пред нивната куќа за да им покажат на сите луѓе дека треба да ги чуваат и штитат своите и да не ги допираат ничии деца, згради и домови“.

Протести се одржаа и на неколку локации во Белград. Група граѓани се собраа и пред седиштето на СНС во Нов Белград, кое беше обезбедено со полициски кордон. Учесниците на протестот фрлаа камења и пластични шишиња кон полицијата.

Во центарот на Белград – протест на група граѓани во близина на Уставниот суд, недалеку од таму во паркот Пионирски, се собраа поддржувачи на СНС.

Протести се одржаа и во Панчево, Ниш, Смедерево, Краљево, Крагуевац, Горњи Милановац, Чачак, Јагодина, Зрењанин, Суботица…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа пристигна пред српскиот парламент, каде што стотици луѓе спијат во бели шатори кои со месеци блокираа половина од патот, а зад и до зградата на парламентот има полициски комбиња.

„Во 15 до 10 часот сум пред Собранието на работ на Чациленд, бидејќи рекоа дека ќе нападнат, па дојдов тука да бидам со народот“, објави Вучиќ на Инстаграм.

На тоа место беше забележан и неговиот брат Андреј Вучиќ, висок функционер на СНС.

Синоќа во Белград, претседателот на Србија изјави дека просториите на СНС во Нови Сад биле „брутално нападнати“.

„Лоши вести доаѓаат вечерва од Нови Сад. Тие брутално ги нападнаа споредните простории на СНС. Има многу повредени граѓани“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека неговите поддржувачи „не сакаат ништо да уништат“ и дека нема да повикува на конфликти.

„Таму има храбри луѓе и сигурен сум дека ќе ја бранат својата куќа. Ние не сакаме ништо да урнеме и нема да ве поканам на конфронтации и конфликти“, рече Вучиќ.

„Денес и вечерва, Србија се крена како никогаш досега. Тие собраа 4.000 луѓе во цела Србија. Бесконечно сум благодарен затоа што дојдовте само за да покажете дека сакате да живеете во нормална земја“, им рече тој на поддржувачите на СНС.

Тој објави дека „доаѓаат големи промени во државниот апарат“.

„Се соочуваме со големи промени во државниот апарат. Мораме да се промениме себеси“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ