„Но, тоа е повеќе прашање за меѓународниот фактор, јасно е што мислиме ние“, кажа Курти.
Тој на конференција за новинарите во Приштина зборуваше за нацрт статутот за Заедницата на српски општини, односно, како што кажа, тој се понудил да го напише тој документ, но му било кажано дека тоа мора да го направи менаџерска екипа.
„Јас сум премиер на демократска република, а премиерите не формираат заедници на општини. Имаме една заедница на косовски општини. Ако сакаат уште една, тоа прашање мора да го отворат општините. Кога јас би го направил тоа би било наметнување“, кажа Курти.
Зборувајќи за Основниот договор со Србија, Курти го обвини Белград дека прекршил некои од членовите на договорот.
„Не треба да го искривиме значењето на Заедницата, ако е настаната одозгора и од далеку таа ја губи слободата. Јас сум спремен за дијалог, но барав Србија да го потпише договорот и еден час претходно да се предаде Милан Радоичиќ. Доколку не биде предаден, тоа значи дека Србија го штити“, додаде Курти.






