недела, 6 април 2025

Србија: Деканка во Ниш нападната со нож, приведена жена

Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш Наталија Јовановиќ е повредена денес за време на собир на студентите и други граѓани пред протестот кој почна на пладне во тој град во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа е префрлена во Ургентниот центар поради рана на раката.

„Во УКЦ Ниш околу 11 часот е довезена Н.Ј. со исеченица на десната шака. Станува збор за полесна повреда која е згрижена“, објави здравствената установа.

Деканката Јовановиќ засега непозната жена прво пред Правниот факултет во Ниш ја гаѓала со полна лименка, а потоа извадила нож и ја исекла по дланката, додека деканката се обидувала да се одбрани од нападот.

Жената притоа ја навредувала и ѝ кажала дека „таа ја завела нејзината ќерка да се придружи на студентите“.

Присутните студенти потоа брзо ја совладале жената, која поради тоа не успеала да ѝ нанесе посериозни повреди.

На социјалните мрежи е објавена снимка од лице место, на која се гледа моментот по нападот на деканката, кога присутните на жената ѝ го одзеле ножот и чекале да дојде полиција.

Сопругот на Наталија Јовановиќ кажа дека „зад овој напад стои потписот на (претседателот на Србија Александар) Вучиќ, бидејќи тој неговата сопруга ја „таргетирал како едно од главните зла во Ниш“.

Деканката Наталија Јовановиќ, јавува Н1, физички и вербално беше нападната и во февруари, а е меѓу првите декани кои јавно застанаа со своите студенти, кога шест часа ја блокираа зградата на Универзитетот во Ниш и потоа соопштија дека стапуваат во блокада на факултетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ