Протестот се одржува на три локации – во Белград, кај зградата на РТС, на Таковска 10, кај студијата на РТС во Кошутњак и кај зградата на РТВ во Нови Сад.
Студентите најавија дека ќе останат пред РТС и РТВ до понатамошно известување, односно, како што соопштија на социјалните мрежи, се додека „не се објави нов конкурс за РЕМ или додека РТС не се затвори“.
„Јавниот медиумски сервис работи против сите нас. Бидејќи Регулаторот за електронски медиуми (РЕМ) не постои – никој не може да ги скроти. Протестот ќе трае додека не се распише нов конкурс за РЕМ или додека РТС не се затвори“, изјавија студентите.
Протестите на сите три локации се одвиваат без инциденти, а присутни се неколку стотици студенти и граѓани, како и полицијата и жандармеријата, кои се сместени во самите згради на јавните сервиси.
🇷🇸
Beograd, RTS
Studenti skandiraju “pustite nas uživo” pic.twitter.com/mjH6MbmdHG— Špiro Seneka (@SenekaSpiro) April 14, 2025
Сообраќајот на улицата Таковска е блокиран, додека сообраќајот на улицата Кнеза Вишеслава каде што е студиото на РТС се одвива речиси непречено.
Во зградата на РТС на улицата Таковска, студентите кренаа транспарент на кој пишува „РТС – Радио телевизија на Студентите“, а насобраните правеа врева со свирежи.
РТС имаше ударни вести околу 1.20 часот, при што спикерот прочита соопштение на РТС, по што се приклучи репортер кој беше пред зградата на Таковска 10 и, како што јави Н1, по тоа вклучување беше пречекан со аплауз.
🇷🇸
Beograd, RTS pic.twitter.com/O3RW5HgCMw— Špiro Seneka (@SenekaSpiro) April 14, 2025
И студентите од Белград и Нови Сад вечерта на 10 март ненајавено се собраа пред јавните медиумски сервиси и ги блокираа сите влезови барајќи објективно известување за протестите, а ова е втор пат да организираат ваква ненадејна координирана акција.
Нивната прва блокада траеше околу 20 часа.
Радио телевизија Србија (РТС) побара од студентите да престанат да ги блокираат објектите на јавниот сервис, откако во понеделникот околу 22 часот ги блокираа објектите на РТС на улицата Таковска и Кошутњак, како и зградата на Радио телевизијата Војводина (РТВ) во Нови Сад.
„Сметаме дека блокирањето на објектите на јавниот сервис е несоодветен притисок врз вработените и апелираме до оние кои го прават тоа да се повлечат и да ни овозможат редовно да ја извршуваме својата работа за која сме законски одговорни“, се вели во соопштението на РТС на нивната веб-страница.
Малку поинаква изјава даде генералниот директор на Радио телевизија Војводина, Горан Караџиќ, кој изјави дека работниците на РТВ кои ја завршиле смената биле „киднапирани“ затоа што група луѓе кои тој ги обвини за тероризам ги спречувале да излезат од зградата.
Откако студентите им дозволија на вработените во РТВ да ја напуштат зградата, Караџиќ се огласи со ново соопштение во кое вели дека „благодарение на милоста на киднаперите, вработените кои ја завршиле смената можеле да ја напуштат зградата и да си одат дома“.
„Малтретирањето продолжува, се уништува сценографијата наредена надвор од зградата, неизвесно е дали вработените ќе можат непречено да влезат во зградата и да го остварат своето право на работа. Од зградата што киднаперите сè уште ја држат под опсада“, рече Караџиќ.