недела, 7 декември 2025

Според германската истрага, украинскиот генерал Залужни стои зад саботажата на Северен тек

Германските истражители веруваат дека зад експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 стои група Украинци кои дејствувале под директна команда на тогашниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, пишува Волстрит џурнал. Повикувајќи се на германската полиција, обвинителите и други информирани извори, американскиот весник наведува дека истражителите развиле „јасна слика за тоа како елитна украинска воена единица ги извршила нападите“. Целта на саботажата наводно била да се намалат приходите на Русија од енергетски извори и да се прекинат економските врски на Москва со Германија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Следејќи траги како што се компании за наем на бродови, телефонски броеви и регистарски таблички, тимот од Потсдам собрал доволно докази за да издаде налози за апсење на тројца војници на специјалните сили и четворица искусни длабочински нуркачи.

Клучниот доказ бил црно-бела фотографија со слаба резолуција од германска сообраќајна камера. На неа се гледало лицето на украински нуркач кој бил идентификуван од полицијата со помош на комерцијален софтвер за препознавање лица. За неколку минути истражителите ги пронашле неговите профили на социјалните мрежи, што ги довело до другите осомничени.

Тимот го следел идентификуваниот нуркач до Полска, од каде подоцна бил превезен во Украина во црно БМВ со дипломатски таблички. Возилото наводно го управувал украинскиот воен аташе во Варшава.

Командантот на саботерската единица бил пронајден во Италија по исцрпна потрага. Детективите првично имале само фотографија од пасош на насмеан маж, за што се утврдило дека е вистински украински документ издаден на туѓо име – вообичаена практика во украинските тајни операции, според полицијата.

Бидејќи човекот немал профили на социјалните мрежи и не бил во ниедна европска база на податоци, идентификацијата била тешка. Сепак, граничната полиција на пријателска земја пронашла совпаѓање бидејќи патувал таму по службена должност.

Истражителите така добиле копија од неговиот вистински пасош и го идентификувале како Серхиј К., 46-годишен ветеран од Безбедносната служба на Украина (СБУ). Тој се приклучил на специјалната единица на првиот ден од руската инвазија и командувал со единица за противвоздушна одбрана за време на битката за Киев.

Се очекува италијански судии до декември да одлучат дали да го екстрадираат осомничениот во Германија, каде што треба да му се суди. Германската полиција веќе подготвила специјален авион за неговиот транспорт од Италија до Хамбург.

Кон крајот на октомври судот во Болоња веќе ја одобри екстрадицијата на Сергеј Кузнецов во Германија, но неговата одбрана поднесе жалба до Врховниот суд, кој мора да донесе одлука во рок од еден месец. Во меѓувреме, Кузнецов почна штрајк со глад, а украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец пријави ненадејно влошување на неговата здравствена состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ