недела, 7 декември 2025

Според анкета спроведена во Србија Вучиќ заостанува зад студентската листа

Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) објави дека во периодот од 13 до 27 септември спровеле телефонска анкета за политичките преференции на граѓаните ан Србија на репрезентативен национален примерок од испитаници од 2.020 анкетирани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Српската невладина организација истакнува дека речиси две третини од испитаниците го гледаат распишувањето на предвремените избори како излез од кризата. Дополнително, секој трет гласач на владејачката Српска напредна партија (СНС) смета дека е потребно да се распишат предвремени избори.

Анкетерите провериле кого гласачите би избрале помеѓу студентската листа и движењето предводено од актуелниот претседател Александар Вучиќ. Тие дошле до следните резултати: студентската листа е поддржана од 44 отсто од анкетираните, а блокот предводен од Вучиќ од 32 проценти од анкетираните.

43 отсто од анкетираните тврдат дека не е важно кој ќе дојде на власт наместо Вучиќ, додека 39 отсто од анкетираните веруваат дека би им било полошо без Вучиќ. Што се однесува до протестите против владата, 58 отсто ги поддржуваат, а 39 отсто не.

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека Србија оди во погрешна насока. Во исто време, една третина од испитаниците веруваат дека Србија е на вистинскиот пат. Поларизацијата може да се види и во она што испитаниците го препознаваат како најголем проблем на Србија. За 26 отсто од испитаниците најголемиот проблем е системската корупција, а за 20 отсто од анкетираните најголемиот проблем се студентите и блокадите.

Вучиќ минатата недела изјави дека претседателските и парламентарните избори веројатно ќе се одржат заедно во декември следната година. Тој истакна дека нема да го менува уставот, односно дека нема повторно да се кандидира за функцијата претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ