понеделник, 8 декември 2025

Сплитската полиција привела девет лица за нападот врз српското малцинство

Сплитската полиција објави дека досега привела и обвинила девет лица за неодамнешниот напад врз српското национално малцинство за време на културната манифестација во Сплит.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено од хрватските медиуми, полицијата наведува дека поднела кривични пријави против девет лица за насилно однесување и кршење на слободата на изразување на националната припадност.

Криминалистичката истрага продолжува. Слободна Далмација објави дека меѓу уапсените е и локалниот функционер на Хрватската демократска заедница, Јаков Ќалета.

Десетици хулигани, главно маскирани и облечени во црно, го спречија отворањето на културната манифестација на српското национално малцинство во Сплит вечерта на 3 ноември. Некои од нив го извикувале усташкиот поздрав „За дом спремни“. Според хрватските медиуми, меѓу нив имало и неколку членови на навивачката група Торцида, а тие им рекле на присутните дека не можат да настапат бидејќи ова е месецот во кој се одбележува страдањето на Вуковар.

Организаторите од српското културно друштво „Просвјета“ веднаш го прекинале настанот, на кој требало да учествуваат млади луѓе од Нови Сад и други градови, и ги напуштиле градските простории за да не ја загрозат безбедноста на изведувачите и гостите, меѓу кои имало и деца. Во инцидентот немало физичко насилство или повреди.

Навивачката група Торцида објави дека ќе одржи протест во сабота во Сплит за да го изрази своето незадоволство од „лицемерството и линчувањето кое се случува во јавниот и политичкиот простор во изминатите неколку дена, што кулминираше со притворање на бранителите“, објави порталот Индекс.

Тие изјавија дека сè започнало со „настан чија цел била мирно да се изрази несогласување со одржувањето на настани каде што се пее за хрватските градови како српски и се промовира таканаречената култура и на тој начин ја претставува земјата која изврши агресија врз нашата татковина, чија војска ги запали нашите градови и села, уби и мачеше Хрвати и оцрни многу семејства, од кои повеќе од 1.700 сè уште ги бараат останките на своите најблиски“.

Во последните денови, инцидентот во Сплит го осудија премиерот Андреј Пленковиќ и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кои изразија верување дека одговорните ќе бидат пронајдени и казнети што е можно поскоро. На осудите им се придружија бројни политичари од владата и опозицијата.

Министерот за туризам и спорт Тончи Главина од владејачката Хрватска демократска заедница денес објави дека го разрешил специјалниот советник Марко Жаја од десничарското Татковинско движење, малцински партнер во владата, поради поддршка на напаѓачите кои ги прекинале Деновите на српската култура во Сплит.

Во соопштение за медиумите Главина истакна дека уште еднаш „јасно и недвосмислено го осудува инцидентот во Сплит, што претставува грубо кршење на човековите права“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ