понеделник, 9 јуни 2025

Советот на Европа одби да ја ублажи Конвенцијата за човекови права

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денес отфрли какво било омекнување на Европската конвенција за човекови права, по повикот на девет земји, предводени од Италија, да се преиспита толкувањето на конвенцијата во делот поврзан со миграцијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Соочени со сложените предизвици на нашето време, нашата улога не е да ја ослабнеме Конвенцијата, туку напротив, да ја одржиме силна и релевантна“, рече генералниот секретар на Советот на Европа, кој со своите 46 земји членки е чувар на демократијата и човековите права на стариот континент.

Италија и осум други европски земји објавија отворено писмо во четвртокот во кое бараат преиспитување на толкувањето на Европската конвенција за човекови права, особено во однос на миграцијата.

„Сакаме да го искористиме нашиот демократски мандат за да започнеме нова, отворена дискусија за толкувањето на Европската конвенција за човекови права. Треба да ја вратиме вистинската рамнотежа. И нашите земји ќе работат заедно за да ја остварат оваа амбиција“, се вели во текстот, објавен од канцеларијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Текстот е наменет за Европскиот суд за човекови права, филијала на Советот на Европа, со седиште во Стразбур, кој е одговорен за обезбедување усогласеност со истоимената конвенција во 46 земји-потписнички.

Берсе одговори дека дебатата е здрава, но дека судот не треба да се политизира.

„Одржувањето на независноста и непристрасноста на судот е од суштинско значење“, рече Берсе, кој некогаш беше претседател на Швајцарија.

Писмото од деветте земји беше објавено по состанокот во Рим во четвртокот меѓу Џорџа Мелони и данската премиерка Мете Фредериксен. Исто така, го потпишаа и лидерите на Австрија, Белгија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Чешка.

„Припаѓаме на различни политички семејства и доаѓаме од различни политички традиции. Но, потребно е да се започне дискусија за тоа како меѓународните конвенции одговараат на предизвиците со кои се соочуваме денес“, изјавија потписниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ