петок, 20 февруари 2026

Советниците на Епстин постигнале спогодба тешка 35 милиони долари

Имотот на Џефри Естин се согласил да плати до 35 милиони долари за да реши колективна тужба во која двајца советници на покојниот финансиер и сексуален престапник се обвинети за помагање во организирање на мрежа за сексуална експлоатација на млади жени и девојки. Спогодбата беше објавена денес од адвокатската канцеларија што ги застапува жртвите на Епстин, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатската канцеларија Бојес Шилер Флекснер ја објави спогодбата во поднесена жалба до федералниот суд во Менхетен. Доколку судијата ја одобри спогодбата, таа ќе стави крај на тужбата од 2024 година поднесена против поранешниот личен адвокат на Епстин, Дарен Индајк, и поранешниот сметководител Ричард Кан, кои се и извршители на неговиот имот.

Нивниот адвокат Даниел Вајнер изјави дека ниту Индајк ниту Кан „не признале никаква одговорност или недолично однесување“ како дел од спогодбата.

„Бидејќи не направиле ништо лошо, извршителите биле подготвени да ги негираат обвиненијата на судењето, но се согласиле на медијација и спогодба за конечно решавање на сите можни побарувања против имотот на Епстин“, кажа Вајнер. Тој додаде дека спогодбата ќе обезбеди „сигурен пат за финансиска помош“ за жртвите кои сè уште не ги решиле своите побарувања против имотот.

Во тужбата од 2024 година адвокатите од Бојс Шилер Флекнер тврдат дека Индајк и Кан му помогнале на Епстин да создаде сложена мрежа од компании и банкарски сметки. Таа мрежа му овозможила да ги прикрие злоупотребите и да ги исплати жртвите и луѓето што ги донеле кај него, додека тие биле „богато наградени“ за нивната работа.

Имотот на Епстин претходно основал фонд за компензација преку кој на жртвите им биле исплатени 121 милион долари. Дополнителни 49 милиони долари биле исплатени преку дополнителни спогодби.

Компанијата Бојс претходно добила и спогодби во износ од 365 милиони долари со банките Џеј Пи Морган Чејс и Дојче банк, кои ги обвини за игнорирање на предупредувачките знаци поврзани со Епстин, кој бил профитабилен клиент. Епстин почина во затвор во Њујорк во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство, според официјалните извештаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ