понеделник, 7 јули 2025

Советници на иранскиот лидер: Играта не е готова, изненадувања допрва следуваат

И покрај американските воздушни напади врз клучните ирански нуклеарни објекти, Иран останува непоколеблив во својот став. Советниците на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, порачуваат: играта не е завршена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Играта не е завршена“

Али Шамхани кажа дека Иран сè уште поседува залихи од збогатен ураниум и покрај нападите на Соединетите Американски Држави врз клучните нуклеарни објекти.

„Дури и ако нуклеарните објекти бидат уништени, играта не е завршена, збогатените материјали, домашното знаење и политичката волја ќе останат“, напиша Али Шамхани на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека политичката и оперативната иницијатива сега ѝ припаѓа на страната што игра паметно, избегнува слепо напаѓање. „Изненадувањата ќе продолжат!“, порача тој.

„Америка го нападна срцето на исламскиот свет“

Али Акбар Велајати, друг висок советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кажа дека базите што ги користат американските сили за да извршат напади врз нуклеарните објекти на Иран ќе се сметаат за легитимни цели.

„Секоја земја во регионот или на друго место што ја користеле американските сили за напад врз Иран ќе се смета за легитимна цел за нашите вооружени сили“, кажа Велајати во пораката што ја пренесе официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Велајати, исто така, додаде дека за Соединетите Американски Држави повеќе нема место на Блискиот Исток.

„Нема повеќе место за Америка и нејзините бази во овој регион и во исламскиот свет“, рече Велајати.

„Америка го нападна срцето на исламскиот свет и мора да биде подготвена на одговор, бидејќи Исламската Република не толерира никакви навреди или агресија кон себе“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ