Тој ова го кажа откако премиерот рече дека е премногу рано да се каже дали владата ќе ѝ го одземе британското државјанство на Асма ал Асад.
Таа е родена во Лондон во 1975 година, пораснала и се школувала во градот. Се верува дека сега е во Москва со својот сопруг, каде што соборениот лидер побегна. По брзиот колапс на режимот на Асад, коалицијата на бунтовнички групи во неделата ја презеде контролата врз Дамаск.
Одговарајќи синоќа на прашања во долниот дом на парламентот, Леми рече: „Видов дека Асма Асад изминативе неколку дена се споменува како некој со британско државјанство што би можел да се обиде да влезе во нашата земја и сакам да се потврди дека таа е санкционирана личност и не е добредојдена овде во Британија“.
Запрашан за можноста владата да ѝ го одземе британското државјанство на Асма ал Асад, британскиот премиер Кир Стармер им рече новинарите дека сѐ уште се „далеку од тоа да одлучат што било“. „Во моментов сме во ситуација што брзо се менува и затоа е многу важно за нас да продолжиме да разговараме со нашите сојузници за да се увериме дека она што сега ќе се случи ќе биде мирно.“
Британскиот министер за меѓувладини работи Пат Мекфејден претходно во понеделникот изјави за Би-би-си дека владата не добила „никаков контакт или барање“ Асма ал Асад да дојде во Велика Британија.






