Министерот за сообраќај Оскар Пуенте оцени на социјалната мрежа Икс дека станува збор за „сериозна саботажа“. Сообраќајот на возовите на погодените линии сопрел доцна синоќа.
Денес наутро неколку возови тргнале од Мадрид кон Толедо, 70 километри на југ, но линиите кон градовите како Севиља и Малага сè уште се во прекин, објави државниот оператор на железничката инфраструктура АДИФ на Икс.
Работници на АДИФ работата на замена на украдените кабли и обнова на сообраќајот. Илјадници луѓе заглавиле на мадридската железничка станица Аточи. Девет возови заглавиле меѓу станици и многу патници морале да ја поминат ноќта во возовите, објави државната телевизија ТВЕ. Инцидентот се случил откако минатата недела целата земја остана без струја поради што беше прекинат и железничкиот сообраќај.