четврток, 12 јуни 2025

Сомнителен маневар на танкер од руската флота во близина на подморскиот кабел меѓу Полска и Шведска

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека руски брод од „флотата во сенка“ што е санкционирана од ЕУ прави „сомнителни маневри“ во близина на кабел за електрична енергија што ја поврзува Полска со Шведска.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Руски брод од „флотата во сенка“ опфатен со санкции изведуваше сомнителни маневри во близина на електричниот кабел што ги поврзува Полска со Шведска. По ефикасната интервенција на нашата војска, бродот отплови кон едно од руските пристаништа“, соопшти Туск на платформата Икс.

Полскиот воен брод Хевелиус плови кон местото на инцидентот, додаде тој.

Министерот Владислав Кошњак-Камиш изјави дека инцидентот со рускиот брод се случил во вторник и дека Полска испратила борбени авиони кон бродот иако танкерот бил во меѓународните води на Балтичкото Море, но „премногу блиску до подводниот кабел“.

Министерот за денес најави состанок на морнарицата и безбедносните служби со премиерот Туск во пристаништето Гдиња.

„Флотата во сенка“ се однесува на стари танкери и товарни бродови, од кои многу се во многу лоша состојба, кои транспортираат руска нафта под знамињата на други земји за да избегнат санкции.

Земјите во чии води пловат, исто така, предупредуваат на еколошката опасност поради лошата состојба на овие бродови, кои не се осигурени, и дека ќе мора сами да платат за санација на евентуално истекување на нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ