На состанокот зад затворени врати се сретнаа шефовите на 34 армии, вклучувајќи од земји членки на НАТО и ЕУ, како и од Јапонија и Австралија, јавува Ројтерс.
Тие, меѓу другото, разговарале за потенцијално испраќање европски мировни сили во Украина по прекинот на конфликтот, што Русија категорично го одби.
„Политичката порака е дека можеме заедно и без Соединетите Американски Држави“, кажал за Ројтерс европски дипломат вклучен во разговорите.
Еден воен функционер навел дека САД не се поканети и дека тоа е сигнал дека Европа и другите партнери можат да преземат одговорност.
Функционерите истакнале и дека присуството на Јапонија и Австралија на состанокот покажува дека традиционалните сојузници на Вашингтон се соочуваат со неизвесност откако американскиот претседател Доналд Трамп стапи на должност.
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати порача дека Украина треба да биде демилитаризирана.
Властите во Киев изразуваат загриженост дека Украина би можела да биде изложена на нови напади од Русија по постигнувањето на примирјето.






