Како што се наведува, претставници на опозицијата освоија управа над само една гувернерска единица, од вкупно 24.
Агенцијата потсетува дека во пресрет на изборите, опозицијата ги повика гласачите на бојкот, во знак на протест против резултатите од минатогодишните претседателски избори.
И опозицијата и претседателот Мадуро прогласија победа во тоа време.
Вчерашните избори беа обележани и со апсење на 70 лица, меѓу кои и Хуан Пабло Гуанипа, близок до лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо.
Тој беше уапсен во петокот и е обвинет за припадност на „терористичка мрежа“ која се обидела да ги „саботира“ изборите во неделата, објави ТВ5Монд.
Венецуелската влада претходно ги суспендираше летовите од Колумбија во понеделник, осудувајќи го она што го нарече „инфилтрација на платеници“.
Венецуелските граѓани гласаа за 285 членови на Националното собрание, 24 гувернери и 260 членови на регионалните законодавни совети.
Вкупно 36 политички партии номинираа кандидати за Националното собрание.
„Успеавме да ги одржиме изборите без инциденти и успеавме да го надминеме насилството“, рече Мадуро по гласањето.