Четворицата астронаути од мисијата Артемис 2 на НАСА денеска ја достигнаа најоддалечената точка од Земјата на која некогаш се нашол некој човек, движејќи се по патека во гравитациската сфера на влијание на Месечината што наскоро ќе ги одведе над затемнетата, далечна страна на Месечината, пренесе Ројтерс.
Екипажот на Артемис 2, кој лета во својата капсула Орион по лансирањето од Флорида минатата недела, се разбуди околу 16:50 часот за својот шести ден од летот, со снимена порака од сега покојниот астронаут од Аполо 8 и Аполо 13, Џим Ловел.
„Добредојдовте во моето старо маало“, вели Ловел, кој почина минатата година на 97 години. „Ова е историски ден и знам колку ќе бидете зафатени, но не заборавајте да уживате во погледот… со среќа и благослов.“
Од Контролата на мисијата до астронаутите беше упатена порака:
„Екипаж Интегрити: на 15 април 1970 година, за време на мисијата Аполо 13, тројца истражувачи поставија рекорд за најголема оддалеченост што луѓето некогаш ја достигнале од нашата планета.
Тогаш, пред повеќе од 55 години, Ловел, Свигерт и Хејс одлетаа околу 400.000 километри од Земјата.
Денес, од името на целото човештво, вие одите уште подалеку од таа граница.“
НАСА наведува дека Аполо 13 достигнал оддалеченост од 400.171 километар, додека Артемис 2 ќе достигне околу 406.700 километри, со што рекордот ќе биде надминат за приближно 6.600 километри.
Од контролата на летот на НАСА соопштија дека астронаутите ја достигнале оддалеченоста од 400.171 километар и дека најголемата оддалеченост ќе ја постигнат околу 23:07 часот.
New record🥇
The Artemis II astronauts are now farther from Earth than humans have ever been! At 1:57 p.m. EDT, they broke the record set by Apollo 13 in 1970.
Their journey around the far side of the Moon today will take them a maximum distance of 252,752 miles from Earth. pic.twitter.com/P5Swojpn0n
— NASA Earth (@NASAEarth) April 6, 2026
„Тогаш ќе бидат во целосен прекин на комуникацијата со нас на Земјата, бидејќи ќе летаат зад Месечината“, додаде Келси Јанг од контролата на летот.
Командантот на мисијата Артемис 2, Рид Вајзмен, предложи екипажот да ги именува кратерите на Месечината што моментално ги набљудуваат.
Во разговор со Келси Јанг од НАСА, тој рече дека сакаат да именуваат некои кратери што ги гледаат „со голо око и со долг објектив“.
Еден кратер предложи да го именуваат по неговата покојна сопруга Керол, која починала во 2020 година од рак.
Друг го нарекоа „Интегрити“, по леталото Орион што ги однесе до темната страна на Месечината.
„Пред неколку години го започнавме ова патување… изгубивме сакана личност и сега постои место на Месечината што во одредени моменти ќе можеме да го видиме и од Земјата“, рече Вајзмен.

Командантот на мисијата Аполо 13, Џим Ловел, исто така за време на летот во 1970 година именуваше еден кратер по својата покојна сопруга.
Говорејќи за соборувањето на рекордот на Аполо 13, еден од астронаутите на Артемис 2 изјави:
„Го правиме ова во чест на извонредните напори и достигнувања на нашите претходници во истражувањето на вселената.“
Тој додаде дека екипажот ќе продолжи да патува уште подалеку во вселената пред Земјината гравитација повторно да ги повлече назад.
„Ја повикувам оваа генерација и следната да се погрижат овој рекорд да не трае долго“, рече тој.
That’s us! 🌍
The Artemis II crew captured beautiful, high-resolution images of our home planet during their journey to the Moon. As @Astro_Christina put it: “You guys look great.” pic.twitter.com/CkjDKGocip
— NASA Earth (@NASAEarth) April 3, 2026
За разлика од Аполо, Артемис 2 има научнички раководител во контролата на мисијата
Тоа е знак дека НАСА многу сериозно го сфаќа научниот аспект на оваа мисија: во контролата на мисијата, седнат во близина на назначениот комуникатор со капсулата, кој разговара со екипажот, ќе има водечки научник, вели Си-ен-ен.
Улогата, која ја извршува доктор Келси Јанг, е сосема нова. Наречена „научнички офицер“, таа ќе има цел тим лунарни научници што ќе ѝ помагаат за време на денешното прелетување.
Во ерата на Аполо, имало научници што се собирале за да ги оценуваат и дискутираат истражувачките цели. Но тие немале директна линија на комуникација со контролата на мисијата, и НАСА овојпат направи свесен напор да го поправи тоа.
„Ова е јасна порака дека постои силен фокус на науката“, изјави Џејкоб Бличер, главен научник за истражување во НАСА, за Си-ен-ен во понеделникот.
„Ова е како вовед во мисијата за слетување“, додаде Бличер.
Непосредно во близина на контролата на мисијата во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон се наоѓа СМОР — односно Сова за операции на научната мисија. Таа ќе има назначен комуникатор што разговара со Собата за научна евалуација — која има свој комуникатор, СЕРКОМ. Тие директно комуницираат со Јанг, која се наоѓа директно во контролата на мисијата.






