недела, 21 декември 2025

Со дрон снимен момент на подметнување пожар во Албанија (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави на социјалната мрежа Фејсбук видео снимено од дрон на албанските воздухопловни сили, на кое се гледа моментот на намерно подметнување пожар. Тој порача дека намерното палење претставува предавство. Видеото е снимено од дрон „бајрактар“.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Палењето не е само злосторство, туку е предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерно подметнување пожар снимено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на јавен имот.

Во меѓувреме, во ова тешко време на глобално затоплување и пожари што ги погодуваат сите медитерански земји, ќе мора да го изедначиме подметнувањето пожари со убиството во Кривичниот законик“, напиша Рама.

Во Албанија, стотици пожарникари и војници ги гасат повеќето од речиси 40-те пожари што избувнаа во последните 24 часа, според министерството за одбрана, но повеќе од десетина се уште се активни. Од почетокот на јули, речиси 34.000 хектари изгореле низ целата земја, според Европскиот информациски систем за шумски пожари (ЕФФИС).

Полицијата тврди дека многу од пожарите биле подметнати, а повеќе од 20 лица се уапсени во последните недели.

Пожари сè уште горат во јужниот крајбрежен регион Финич, на околу 160 километри од главниот град. Десет лица се евакуирани, а неколку куќи изгореле, според локалните медиуми. Околу 800 албански војници се распоредени, заедно со воени авиони и хеликоптери од околните земји, во борбата против шумските пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ