„Еден осомничен, едно возило“, им одговори шефот на локалната полиција Стив Раи на новинарите кога го прашаа дали бараат уште некого.
Новинарите прашаа дали 30-годишниот маж имал криминално досие. „Би било непримерно да давам такви детали во овој момент“, истакна Раи. Тој потврди дека напаѓачот од претходно ѝ бил „познат на полицијата на одреден начин“, но одби тоа да го објаснува. Напомена дека минувачи го фатиле осомничениот и го задржале до пристигнувањето на полицијата.
Локалните медиуми пишуваат дека голем теренец се забил во пешаци за време на годишниот фестивал Лапу лапу, кој ја слави филипинската култура. Фестивал е во чест на антиколонијалната борба на Филипините во 16 век.
На снимките на социјалните мрежи се гледаат бројни полициски автомобили, возила на брза помош и пожарникарски возила на местото на настанот, со повредни лица на земја.
Video of the SUV that drove into the crowd of people in #Vancouver tonight at the Lapu Lapu Festival. Tragic news. There’s videos of the alleged suspect, I won’t be sharing those. pic.twitter.com/9o4HSR7zW1
— Karm Sumal (@KarmSumal) April 27, 2025
Градоначалникот на Ванкувер Кен Сим соопшти дека е „шокиран и длабоко ужален од ужасниот инцидент“. „Нашите мисли се со сите повредени и со филипинската заедница на Ванкувер во овој неверојатно тежок момент“, наведе тој.
Еден сведок кажал дека видел црно возило како се движи кон толпата на фестивалот пред да се забие во пешаците. Ванкувер сан извести дека илјадници луѓе биле на тој простор.
„Не го видов возачот, сè што слушнав беше звукот на моторот. Излегов од автомобилот, погледнав на улицата и насекаде имаше тела“, вели еден сведок на инцидентот.