четврток, 19 февруари 2026

Снимка од руски тинејџери со пушки во црква предизвика реакции на интернет (ВИДЕО)

Видео што кружи на социјалните мрежи прикажува униформирани тинејџери со пушки во православен храм, додека изведуваат воена демонстрација пред публика.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Снимката ја објавија профили што следат воени и политички теми поврзани со војната во Украина, но нејзината автентичност засега не е независно потврдена од големите меѓународни медиуми.

На платното зад учесниците се гледа натпис на руски „Центар за патриотско воспитување“, што упатува дека настанот може да е поврзан со младинска или патриотска програма. На објавените кадри се гледаат малолетници што, под надзор на инструктор, демонстрираат вештини на ракување со автоматски пушки во внатрешноста на црковна сала. Во заднината се забележуваат икони и други верски симболи.

Во последниве години Русија значително ја прошири мрежата на младински и кадетски организации што промовираат воена обука и патриотско воспитување — практика што западните аналитичари ја оценуваат како милитаризација на младите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ