Снимен моментот на тешката несреќа во Сараево (ВИДЕО)

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи во Сараево кога трамвај излета од шините, четири лица се повредени, а едно почина. Податоците беа потврдени попладнево од болнички извори.

Фото: ЕПА

часот

Градскиот трамвај излетал од шините во близина на Националниот музеј, ја урнал заштитната ограда и завршил на колосекот. Притоа, тој згазил едно лице кое починало, но неговиот идентитет не е потврден. Локалните медиуми прво објавија дека станува збор за жена, а потоа дека настрадал маж.

Кликс јавува дека е потврдено дека починал 23-годишен маж. Лекар од Сараево изјави дека брзата помош пронашла четири повредени лица, при што едно девојче е тешко повредено и веднаш е пренесено во болница.

Медиумите потоа објавија дека станува збор за 17-годишно девојче на кое му била ампутирана ногата во болницата. Кликс известува дека девојчето е во сериозна состојба и дека нејзиниот живот е во опасност.

Обвинителството на општина Сараево, исто така, потврди дека едно лице е убиено, но нагласија дека нема да откријат други детали додека не заврши истрагата.

Постојат шпекулации за причините за оваа сериозна несреќа. Се случила на раскрсницата каде што минатата година биле реконструирани пругата и склопката како дел од сеопфатен проект за реконструкција, па се претпоставува дека причина за излетувањето од шините е несоодветната близина, но и староста на трамвајот, кој е набавен во времето на поранешна Југославија.

Иако трамвајскиот сообраќај во Сараево е во процес на модернизација и се набавени целосно нови возила, на шините сè уште може да се видат возила стари со децении чија техничка исправност е сомнителна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ