среда, 28 мај 2025

Снимен моментот кога дрон се заби во владина зграда во руски Белгород (ВИДЕО)

Заменик-гувернерот на Белгородската област, Александар Александрович Лоренц, и вработен во Росвгардија се повредени во утринскиот напад на украински дрон врз зградата на регионалната влада во Белгород. Видео од нападот се појави на социјалните мрежи.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации нема жртви, но подоцна беше објавено дека се повредени две лица. Вработен во Росгвардија претрпел рана од шрапнел во бутот. Тој моментално е во болница, каде што ја добива потребната медицинска помош.

Заменик-гувернерот Лоренц исто така бил во близина на зградата во времето на експлозијата. Тој бил прегледан од лекари од регионалната клиничка болница. Има потрес на мозокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ