понеделник, 29 декември 2025

Словенија за замрзнатиот руски имот: Одземањето би значело војна

Некои претставници на Европската Унија стравуваа дека конфискацијата на замрзнатите руски средства би била еднаква на објавување војна на Русија, изјави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во интервју за весникот Дело.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на прашање за ставот на Словенија во врска со руските средства, Фајон изјави дека во Русија постојат компании како што е Крка (словенечка фармацевтска компанија) и дека постојат проценки за тоа што таквите мерки би можеле да значат за словенечкиот имот. Сепак, како што истакна таа, тоа не бил одлучувачкиот фактор.

„Преовлада ставот на Белгија и фактот дека немавме соодветни одговори за еден исклучително деликатен и сложен чекор што, од една страна, би ја затворил можноста за преговорите кои се во тек со Москва. Во европските кругови, дури имаше и стравувања дека ова би можело да значи отворено објавување војна на Русија“, кажа Фајон.

Европската Унија и земјите од Г7 замрзнаа околу 300 милијарди евра руски средства, од кои околу 180 милијарди евра се чуваат во белгискиот депозитар Еуроклиар.

Учесниците на самитот на ЕУ претходно не успеаја да се договорат за експропријација на замрзнатите руски средства под изговор на таканаречен „кредит за репарација“ за Украина. Наместо тоа, беше донесена одлука на Киев да му се обезбедат 90 милијарди евра кредити за периодот 2026-2027 година.

На 12 декември Централната банка на Русија поднесе тужба против Еуроклиар во износ од 18,2 трилиони рубљи до Московскиот арбитражен суд. Оваа сума ги вклучува блокираните средства на Централната банка, вредноста на замрзнатите хартии од вредност, како и изгубената добивка.

Централната банка на Русија, исто така, ја разгледува можноста за заштита на своите интереси пред меѓународните судови и арбитражни трибунали, како и спроведување на нивните одлуки во земјите членки на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ