понеделник, 15 декември 2025

Словенија воведе ембарго на оружје за Израел

Словенија вчера воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје за Израел, објави државната новинска агенција СТА, повикувајќи се на соопштение на владата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по владината седница. Голоб кажа дека Словенија е првата европска земја што прави таков потег, објави СТА.

Пред две недели, Словенците прогласија двајца израелски министри за непожелни во Словенија. Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и министерот за финансии и одбрана Безалел Смотрич, кои словенечката влада ги означи како лица кои „поттикнуваат екстремно насилство и сериозни кршења на човековите права на Палестинците со нивните геноцидни изјави“.

Словенија ја призна државата Палестина во јуни минатата година и оттогаш постојано повикува на прекин на огнот во Газа и зголемување на испораките на помош.

Израел ги осуди најновите изјави на Франција, Велика Британија и Канада за евентуално признавање на палестинска држава, тврдејќи дека трите земји го наградуваат Хамас за упадот на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Претходно вчера, специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави Стив Виткоф се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обид да ги спаси преговорите за прекин на огнот во Газа и да ја реши хуманитарната криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ