петок, 19 декември 2025

Словенија го прогласи Нетанјаху за непожелна личност, му забрани влез во земјата

Словенечката влада го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за непожелна личност и му забрани влез во земјата, што, според државната секретарка во министерството за надворешни работи Нева Грашиќ, следува по мерките што веќе се преземени против двајца екстремистички израелски министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, кои беа прогласени за непожелни личности во јули.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јавноста е запознаена дека против него се води постапка за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики го кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права“, кажа Грашиќ во врска со мерката против Нетанјаху.

„Со оваа одлука, владата испраќа јасна порака до државата Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право“, се вели во профилот на владата на социјалната мрежа Икс.

Со тоа Словенија „ја потврдува својата посветеност на меѓународното право, универзалните вредности на човековите права и принципиелната и конзистентна надворешна политика“.

Денешната мерка следува по одлуката на владата во јули да ги прогласи министерот за национална безбедност на Израел Бен-Гвир и министерот за финансии Смотрич, за непожелни личности.

Словенија, земја-членка на Европската Унија која минатата година ја призна палестинската држава, во август воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ