понеделник, 15 декември 2025

Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за непожелни личности

Словенечката влада вчера објави дека започнала мерки за забрана за влез во земјата на двајца крајно десничарски израелски министри, што е прв таков потег во земја од Европската Унија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Израелските министри за национална безбедност Итамар Бен Гвир и за финансии Безалел Смотрич, клучни партнери во коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, се прогласени за персона нон грата поради „геноцидни изјави, поттикнување екстремно насилство и сериозни кршења на човековите права на Палестинците“, се вели во соопштението.

Министрите го поддржуваат ширењето на еврејските населби на Западниот Брег и го охрабруваат „етничкото чистење“ на таа територија и во Појасот Газа, изјави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

Според неа, ова е прва мерка од ваков вид во ЕУ.

„Ние сме, на некој начин, пионери“, изјави Тања Фајон за новинарите, иако други земји надвор од Европа неодамна воведоа забрани за патување на двајцата министри.

„Испраќаме јасна порака до израелската влада – масакрот врз невини цивили мора да престане“, додаде таа.

Велика Британија, Австралија, Канада, Нов Зеланд и Норвешка во јуни објавија санкции против двајцата министри, на кои сега им е забрането да патуваат во овие земји, потег што Вашингтон го осуди, објави агенцијата Франс-прес.

Како што се зголемува меѓународниот притисок врз Израел поради неговата војна во Појасот Газа, Словенија е многу активна по ова прашање.

Словенија минатата година ја призна палестинската држава, придружувајќи им се на Ирска, Шпанија и Норвешка, додека претседателката Наташа Пирц Мусар неодамна го осуди „геноцидот“ пред Европскиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ