петок, 6 јуни 2025

Словенечката претседателка: Грешката на ЕУ беше што престанавме да комуницираме со Русија

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар смета дека Европската Унија треба повторно да воспостави некаков вид дијалог со Русија – барем преку „тивка“ дипломатија предводена од специјално назначен тим, објави Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Словенечката претседателка го оцени како грешка тоа што ЕУ престана да комуницира со Русија по почетокот на војната во 2022 година и смета дека комуникацијата треба да се обнови. „Една од грешките на Европската Унија беше што престанавме да комуницираме со Русија“, рече таа.

Таа додаде дека ЕУ треба да назначи група „мудри мажи и жени“ за да започне „тивка“ дипломатија со Русија како прв чекор кон директен дијалог.

Пирц Мусар смета дека Европа треба да се фокусира на преговори со САД, Русија и Украина и дека е потребен „дијалог, дијалог, дијалог“, и покрај фактот дека претходните преговори иницирани од САД сè уште не дадоа резултати.

Пирц Мусар изјави дека разговарала за овие прашања со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и дека ѝ било кажано дека се работи на тоа. Таа, исто така, во интервјуто нагласи дека зголемувањето на трошоците за одбрана не треба да влијае на социјалната сфера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ