вторник, 16 декември 2025

Словачкиот претседател: Нафтоводот Јанаф не ни е доволен

Словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава изјави дека Јадранскиот гасовод (Јанаф) може да биде само дополнителен извор за транспорт на нафта за неговата земја поради недоволниот капацитет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На заедничката прес-конференција со својот хрватски колега Зоран Милановиќ, Пелегрини одговори на новинарско прашање дали Јанаф може да го замени гасоводот Дружба, со кој се снабдува нафта од Русија, и да стане негова главна алтернатива.

„Без дополнителни инвестиции, Јанаф не може да претставува основна диверзификациска линија која би ги заменила другите извори“, кажа Пелегрини, додавајќи дека проблемот лежи во капацитетите.

„Секако, постои одредена годишна потрошувачка од страна на Хрватска, а ние исто така мора да сметаме на Унгарија, која има свои потреби (па) нам не ни остануваат сите капацитети“, кажа Пелегрини, нарекувајќи ја Хрватска „важна земја“ во однос на диверзификацијата на изворите на енергија.

Тој кажа дека земјите низ кои минува гасоводот треба да ги користат средствата од програмата ЦЕФ (Connecting Europe Facility) на Европската комисија за да го зголемат капацитетот на Јанаф, бидејќи сегашниот не е доволен за целосно да го замени Дружба. Ова е спротивно на она што го тврдат хрватската влада и Јанаф.

На почетокот на декември, претставници на Јанаф и МОЛ групата ја одржаа третата рунда преговори за нов договор за транспорт на сурова нафта до две рафинерии на МОЛ – во Шажаломбата и Братислава.

Годишниот капацитет на хрватскиот нафтовод е 15 милиони тони сирова нафта, додека максималниот капацитет на рафинеријата во Шажаломбата е 8,1 милиони тони, а рафинеријата во Братислава е околу 6,2 милиони тони, поради што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ постојано изјавува дека количеството нафта кое Јанаф може да ја транспортира е доволна за нивните рафинерии да работат со „максимален капацитет“.

На почетокот на декември Европската Унија наложи да се престане со увезот на руски гас до крајот на 2027 година со цел да ја намали долгорочната зависност од руската енергија.

Унгарија и Словачка се во голема мера зависни од снабдувањето со гас и нафта од Русија и се плашат дека поскапите алтернативи би им наштетиле на нивните економии.

Милановиќ, кој кажа дека Хрватска е заинтересирана Јанаф да го замени Дружба, во вторникот изјави дека одлуката на ЕУ да го забрани увозот на руски фосилни горива е „далекусежна“ и претставува „постојани санкции“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ