недела, 5 април 2026

Словачкиот премиер бара укинување на санкциите на Русија поради енергетската криза

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија треба да ги укине санкциите за руските нафта и гас и да го врати протокот низ нафтоводот Дружба за да се ублажи енергетската криза предизвикана од војната на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо изјави дека ЕУ треба да го обнови дијалогот со Русија и да обезбеди услови за снабдување со енергенси од сите извори, вклучително и од Русија.

Унгарија и Словачка се издвојуваат во рамките на ЕУ по одржувањето на односите со Москва. Во меѓувреме, цените на нафтата силно растат од почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран, а Меѓународната агенција за енергија предупредува на најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ