Словачка смета дека има право да бара финансиски надомест од Киев, а според новинската агенција ТАСР, претседателот на СНП Андреј Данко треба денес да поднесе официјално барање до министерството за финансии.
СНП побарала од премиерот Роберт Фицо на состанок на Советот на Европската Унија да изнесе предлог со кој на ЕУ би ѝ се овозможил пристап до дел од природните ресурси на Украина.
Шефицата на кабинетот на претседателот на партијата, Зузана Шкопцова, изјави дека износот на помошта на ЕУ наскоро ќе биде еднаков на износот кој Соединетите Американски Држави го потрошиле на Украина.
„Ако Украина им ги предаде сите свои рудни богатства на Соединетите Држави, тогаш на Украина нема да ѝ остане ништо со тшо би можела да ја плати помошта која ја пружаат европските држави“, кажа Шкопцова.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно соопшти дека Словачка нема да го поддржи предлогот на Европската комисија од буџетот на земјата да се издвојат средства за поддршка на Киев.
Тој истакна дека одлуките за финансиска помош на Украина треба да го сносат земјите самостојно и врз основа на билатерални договори со киев.