четврток, 15 јануари 2026
Се забранува пиротехника на јавни мста

Сите повредени и семејствата на жртвите од Кран-Монтана ќе добијат по 10.000 евра

Сите повредени лица и семејствата на загинатите во пожарот што избувна во новогодишната ноќ во бар во скијалиштето Кран-Монтана ќе добијат по 10.000 швајцарски франци (околу 10.740 евра), соопштија властите на швајцарскиот кантон Вале.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Еднократен износ од 10.000 швајцарски франци ќе биде обезбеден за секоја жртва што била хоспитализирана или починала“, соопштија властите на кантонот, пренесува ТФ1.

Во соопштението се наведува дека станува збор за итна, еднократна помош за жртвите на трагедијата во која загинаа 40 лица, а беа повредени 116.

По барање на поединци и организации што сакаат да донираат средства, отворена е посебна сметка за собирање донации, а Сојузната администрација соопшти дека планира основање независна фондација за управување и распределба на собраните средства.

Кантонот Вале, како што е соопштено, ќе контактира 156 лица од 19 земји, меѓу кои Швајцарија, Франција и Италија.

Дополнително, донесена е одлука за забрана на употреба на пиротехнички средства на места отворени за јавноста.

„Одлучивме да ја забраниме употребата на пиротехника на места отворени за јавноста“, соопшти владата на кантонот Вале.

Кантонот Вале минатата недела воведе слична забрана по смртоносниот пожар во Кран-Монтана, објави Свис инфо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ