петок, 30 мај 2025

Систинската капела доби оџак во пресрет на конклавата (ФОТО)

Во Ватикан утрово беше поставен оџак на покривот на Систинската капела, со што завршија техничките подготовки за конклавата што започнува в среда, 7 мај. Оџакот го поставил член на противпожарната служба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според традицијата, по секој круг гласање, кардиналите ги палат гласачките ливчиња. Ако гласањето е неуспешно, од оџакот се испушта црн чад. Појавата на бел чад укажува дека е избран нов папа. Бојата на чадот се одредува со хемикалиите додадени во огнот со гласачките ливчиња.

Конклавата доаѓа по смртта на папата Франциско на 21 април. Се очекува 133 кардинали од целиот свет да го изберат новиот поглавар на Католичката црква.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ