среда, 31 декември 2025

Сириските медиуми: Израелската војска оперира надвор од тампон зоната (ФОТО+ВИДЕО)

Израелските сили денес оперирале во неколку сириски села надвор од тампон зоната на југот на Сирија, јавуваат локални медиуми. Сирискиот медиум Дараа 24 вчера извести дека израелски војници влегле во селото Маарија, неколку стотици метри источно од тампон зоната на јужната Голанска висорамнина, и ги испрашувале локалните жители.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се истакнува дека денес израелски тенкови влегле во градот Саида, кој исто така се наоѓа на работ на тампон зоната.

Израелските окупациски сили претресувале машки жители на селото Маарија, кои биле присилени да избегаат во долината Јармук.

Како што јавува Дараа 24, претходно жители на таа област апелирале до активните страни да интервенираат за да се стави крај на малтретирањето на жителите, истакнувајќи дека израелските војници предизвикуваат терор, особено меѓу децата и жените.

Израелската војска (ИДФ) нема коментар за тие акции.

ИДФ претходно соопшти дека распоредувањето негови војници во тампон зоната и стратегиски позиции во таа област е одбранбена и привремена мерка поради ситуацијата во Сирија, и дека ќе останат таму додека ситуацијата не се разјасни. Војската вчера призна дека дејствува надвор од тампон зоната во неколку подрачја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ