„Единиците на нашата војска се зацврстија на сите излези од градот, како и во јужните предградија за да ги сопреме сите обиди за предизвикување немири кои сакаат да ги испровоцираат терористите“, се наведува во соопштението.
Истовремено, сириската војска продолжува да врши напади врз џихадистите во провинциите Хама, Хомс и Дера.
Се тврди дека во тек е специјална воена операција против терористите, стотици припадници на терористичките групи се убиени и ранети, а уништени се и десетици парчиња воена техника, како и складишта со оружје, според сириската војска.
Таканаречената сириска опозиција, составена од терористичките групи на Хајат Тахрир ал Шам, заедно со цела низа помали оружени групи, почнаа заедничка оружена операција на северот на Идлиб, и за само еден ден го заземаа вториот по големина сириски град Алепо и воениот аеродром Кувејрис.
Претходно беше соопштено дека сирискиот претседател Башар ал Асад останува во Дамаск, и покрај актуелната ситуација.
„Претседателот продолжува да работи во Дамаск и да ги извршува своите задачи на заштита на националните интереси и уставот“, се наведува во соопштението на кабинетот на шефот на сириската држава.
Во соопштението се истакнува дека „информациите дека Асад наводно го напуштил Дамаск се неточни имаат за цел да ја измамат сириската јавност“.






