вторник, 15 јули 2025

Сирија: Жените на плажа би требало да носат буркини или соодветни костими за капење

Министерството за туризам на Сирија соопшти дека жените треба да носат буркини или „соодветни“ костими за капење на јавните плажи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од луѓето се бара да носат конзервативни костими за капење на јавните плажи или брегови (буркини или костими за капење што го покриваат целото тело)“, соопшти министерството.

„Од пливачите и воопшто од посетителите на плажите се бара да носат соодветни костими за капење и да се однесуваат во согласност со јавниот вкус“, додава министерството.

Оваа одлука доаѓа шест месеци откако исламистичката коалиција го собори претседателот Башар ал-Асад од власт во декември 2024 година.

Настрана од јавните простории за капење, жените треба да носат широка облека, а мажите не треба да одат со голи гради, дури ни во хотелските лобија и ресторанските простории, се вели во соопштението.

За време на владеењето на Асад, жените ретко можеле да се видат во костими за капење на јавните плажи.

Но, министерството соопшти дека ограничувањата не се однесуваат на приватните клубови, базени и луксузни хотели.

„Дозволено е носење обични западни костими ако се придржуваат на примерно однесување“, се наведува во соопштението за медиумите.

Сирија моментално ја предводи преодна влада. Таа е во голема мера составена од членови на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, поранешна сириска гранка на џихадистичката Исламска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ