петок, 19 декември 2025

Сирија ја извезе првата пратка сирова нафта по 14 години

Сирија вчера извезе 600.000 барели сурова нафта од пристаништето Тартус, објави сириски службеник за енергија. Ова е првата извезена пратка сирова нафта по 14 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во 2010 година, Сирија извезуваше 380.000 барели нафта дневно. Тоа беше една година пред протестите против претседателот Башар ал Асад да се претворат во речиси 14-годишна војна која ја уништи економијата и инфраструктурата на Сирија, вклучително и производството на нафта.

Поголемиот дел од нафтените полиња се на територија под контрола на Курдите, односно на американската војска.

Асад беше соборен минатиот декември, а исламистичката влада што го замени вети дека ќе ја оживее сириската економија.

Ријад ал Џубаси, помошник-директор за нафта и гас во сириското министерство за енергетика, изјави за Ројтерс дека тешката сирова нафта била продадена на глобалната фирма за трговија со нафта Би серв енерџи.

Поголемиот дел од нафтените полиња во Сирија се наоѓаат на североистокот на земјата, во област што ја држат Курдите со помош на американските сили. Нивните власти почнаа да испраќаат нафта во Дамаск во февруари, но односите оттогаш се влошија поради загриженоста за инклузијата и правата на малцинствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ