понеделник, 23 јуни 2025

Сирија и Израел директно преговараат за смирување на тензиите во пограничната област

Израел и Сирија се во директен контакт и одржаа неколку средби лице в лице во последните недели со цел смирување на тензиите и спречување на конфликт во пограничниот регион.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ова за Ројтерс го потврдија пет анонимни извори, наведувајќи дека контактите означуваат значаен развој во односите меѓу земјите кои со децении се на спротивставени страни во блискоисточниот конфликт, бидејќи САД ја охрабруваат новата влада во Дамаск да воспостави односи со Израел за да го олесни бомбардирањето на Сирија.

Тие додадоа дека по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал-Асад, комуникацијата се одвива и преку посредници.

Сириски извори изјавија дека комуникацијата ја водел висок безбедносен службеник Ахмад ал-Далати, кој е назначен за гувернер на покраината Кунеитра, која се граничи со Голанската Висорамнина, окупирана од Израел.

Ројтерс не можеше да утврди кој учествувал во преговорите од израелска страна, иако два извори рекоа дека станува збор за безбедносни претставници.

Три извори рекоа дека имало неколку рунди на состаноци лице в лице во пограничниот регион.

Израелското Министерство за надворешни работи и сириските власти не одговорија на барањата за коментар.

Израел ја окупираше сириската Голанска Висорамнина по арапско-израелската војна во 1967 година и зазеде повеќе територии по соборувањето на Асад во декември, повикувајќи се на загриженост за екстремистичкото минато на новите владетели на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ