вторник, 13 мај 2025

СИПА: Се откажавме од апсење на Додик поради можен судир со полицијата на РС

Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) соопшти дека поради намалување на ризикот и избегнување евентуален судир со припадниците на полицијата на Република Српска синоќа се откажала од спроведување на наредбата на Судот на БиХ да го уапсат претседателот на РС Милорад Додик, осомничен за уривање на правниот поредок на БиХ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со цел намалување на ризикот и избегнување евентуален судир во реализацијата на наредбата за апсење беше ангажиран помал број полициски службеници во цивил. Тоа покажува дека Агенцијата води сметка да се загрози мирот и безбедноста во БиХ“, се наведува во соопштението.

Понатаму тие соопштија дека инспекторите на СИПА при пристигнувањето пред Административниот центар на РС во источно Сараево затекнале полициски службеници на МВР на РС, кои ја обезбедувале зградата, како и претседателот на РС, кого го известиле за намерата да го уапсат.

Припадниците на полицијата на РС, како што се истакнува, соопштиле дека преземаат мерки и дејства во своја надлежност за заштита на лице во согласност со законите на РС и дека нема да дозволат апсење на Додик.

Полициските службеници на СИПА затоа не ја извршиле наредбата на Судот на БиХ и си заминале, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ